Корисничките функции мора да се дефинираат надвор од main()
, а изгледаат вака:
типИНаВраќање имеНаФункција(параметри) {
// тело на функцијата
}
Функциите враќаат податок од одреден тип. Пример со тип int
:
int soberi(int a, int b) {
return a + b;
}
Можете да дефинирате функции со исто име, но различни параметри:
int soberi(int a, int b) {
return a + b;
}
double soberi(double a, double b) {
return a + b;
}
Функциите може да се повикаат самите себе. Пример за факториел:
int faktoriel(int n) {
if (n <= 1) return 1;
return n * faktoriel(n - 1);
}